(Фото) Ена Веко си дојде во Скопје

Првата македонска рап-пејачка Ена Веко, која долги години живее во Сиднеј, Австралија, си дојде во Скопје. Дека е тука, дознавме од нејзината фризерка Наталија, која се пофали дека Веко е во Скопје и сподели неколку фотографии. Ена Веко, или Елена Домазетовска, е првата македонска рап-пејачка која беше вистинско освежување на македонската сцена. Таа беше многу популарна во 90-тите години, а сите нејзини песни беа хитови. Автор на нејзините песни е нејзиниот чичко, македонски музичар Тоше Поп Симонов.

По завршувањето на средното училиште во гиманзиајта „Јосип Брзо-Тито“ во Скопје, таа замина на студии во Сиднеј и остана да живее таму. Ена издаде само еден албум, „Бубачки и градски ѕверки“, но сите нејзини песни беа хитови во тоа време.

Омотот од единствениот албум „Бубачки и градски ѕверки’

Најпознати се: „Царевата ќерка“, „ До кога вака?, „Келнерот“, „Љубомора“ „Опера хаус“ и други. Со групата „Легенда“ ја отпеа популарната „Признавам, не признавам“, а настапи и на фолк-фестивалот „Цветници 93“ кога со Мирко Митревски и групата „Академци“ ја отпеаа „Си заљубив раперка“.

Текстот (Фото) Ена Веко си дојде во Скопје е превземен од Reporter.mk.