(Фото) Ешли Греам гола го честиташе Денот на благодарноста

Најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам се сликаше гола за Денот на благодарноста. Манекенката, која е во поодмината бременост со своето прво бебе, на сликата го покажува својот труднички стомак и со едната рака ги покрива голите гради. На сликата што ја објави на „Инстаграм“ напиша „Среќен Ден на благодарноста“ и им го честиташе празникот на нејзините обожаватели.

Ешли и нејзиниот сопруг Џастин Ервинс ќе станат родители во јануари. Тие открија дека чекаат машко бебе. Двојката ја објави веста за бременоста во август, на нивната деветгодишнина од свадбата.

Греам се прослави во 2016 година, кога стана првиот плус-сајз модел што се појави на насловната страница на списанието Sports Illustrated Swimsuit. Таа има сопствени линија за облека и ги поттикнува девојките да размислуваат позитивно и да го сакаат своето тело, без оглед на тоа дали се слаби или не.

Текстот (Фото) Ешли Греам гола го честиташе Денот на благодарноста е превземен од Reporter.mk.