Актерката Ева Лонгорија (43) го покажа во јавноста својот едномесечен син Сантјаго. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ и нејзиното бебе се фотографираа за магазинот „Хола“.
„Сантјаго Енрике Бастон мавта и го поздравува целиот свет. Не можев да дочекам да ја споделам оваа фотографија со сите вас“, напишала Ева на својот инстаграм-профил, каде ја сподели фотографијата од страницата на магазинот на која позирала со бебето.
Текстот (Фото) Ева Лонгорија го покажа синот е превземен од Reporter.mk.