Ослабена 15 килограми и облечена во бело, глумицата Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на премиерата на филмот „Мис Бала“. Таа носеше бел костум креација на Џон Пол и чевли од Кристијан Лобутин. Ева, која се породи пред неколку месеци, до неодамна не можеше да ги намали килограмите и објавуваше слики на кои е подебела и се жалеше на прекумерната тежина.
На премиерата на филмот таа откри дека повторно се чувствува убаво, дека внимава на исхраната, а и дека познала да вежба со личен тренер.
„Уште не сум во форма, ама ќе се вратам“, рекла Лонгорија.
Текстот (Фото) Ева Лонгорија ослабе 15 килограми е превземен од Reporter.mk.