Актерката Ева Лонгорија на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиниот син Сантијаго Енрике. Таа го држи во прегратка, а на своите фанови им откри дека е пресреќна во улогата на мајка.
„Неговата насмевка ја прави мојата насмевка“, напиша Ева на фотографијата.
Нејзините фанови ја пофалија дека изгледа одлично и дека благата насмевка на нејзиното лице ја открива големата љубов и среќа што ја чувствува кон нејзиниот син.
Ева Лонгорија во моментов со своето семејство се наоѓа во Торонто. Актерката се породи во јуни минатата година на 43-годишна возраст.
Текстот (Фото) Ева Лонгорија ужива во мајчинството е превземен од Reporter.mk.