(Фото) Фала ти за нашите ќерки: Деми Мур му честиташе роденден на Брус Вилис

Глумицата Деми Мур му го честиташе 65 роденден на својот поранешен сопруг Брус Вилис и му се заблагодари јавно за тоа што ги добиле трите ќерки. Поранешната холивудска двојка се запозна во 1987 година, за време на премиерата на филмот „Заседа“, а истата година се венчаа. Бракот им траеше 13 години.

Откако се разделија двајцата решија да останат во добри односи поради нивните ќерки Румер (31), Скаут Лару (28) и Талула Бел (16). И двајцата тогаш изјавија дека нивните ќерки им се приоритет во животот.

 

View this post on Instagram

 

Happy birthday Bruce! Thank you for the three greatest gifts of my life ❤️

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

„Среќен роденден Брус. Фала ти за трите најголеми дарови во мојот живот“, напиша Мур и објави семејна фотографија од деведесетите години.

 

View this post on Instagram

 

HAPPY BIRTHDAY TO THE COOLEST MAN I’VE EVER MET

A post shared by Scout laRue Willis (@scoutlaruewillis) on

Додека беа во брак двајцата беа еден од најпосакуваните и најплатени глумци во филмската индустрија. Разводот во јавноста го објавија во 1998 година, а го финализираа во 2000 година.

 

 

Текстот (Фото) Фала ти за нашите ќерки: Деми Мур му честиташе роденден на Брус Вилис е превземен од Reporter.mk.