(Фото) Фановите ја искраа Синди Крафорд оти се сликала во бикини

Славниот супермодел Синди Крафорд (53) објави фотографија на Инстаграм на која позира во темноцрвено бикини. По објавата, стигнаа еден куп коментари од фановите. И додека повеќето го фалеле нејзиниот изглед, нагласувајќи дека изгледа исто како на врвот на својата манекенска кариера, имало и такви што заклучиле дека не е примерно да се објавува таква содржина на Инстаграм.

„Престара си за ова“, напишал еден корисник, додека други ја обвиниле дека намерно се фали и го истакнува своето тело.

View this post on Instagram

A little bit of lake light ✨🇨🇦

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Синди никогаш не криела дека за нејзината совршена линија заслужна е комбинацијата од добри гени и многу време и труд вложени во изгледот. Таа одбегнува да јаде калорична храна, како што се благите, рафинираните јаглехидрати и преработената храна. „Со личен тренер вежбам барем три пати неделно, а сум голем љубител и на пливањето. Никогаш не сум се разбудила со желба да вежбам, сепак тоа е начин да ја одржува линијата“, рекла во едно интервју.

„Со вакво тело, годините не се важни“, напишала една жена во коментарите.

 

Текстот (Фото) Фановите ја искраа Синди Крафорд оти се сликала во бикини е превземен од Reporter.mk.