Голем број фанови не можат да го препознаат некогаш холивудскиот заводник Расел Кроу. Глумецот со последните објавени фотографии на социјалните мрежи покажа дека се има променето во последните дваесет години.
Освен големиот број килограми, Расел пуштил и брада. Фановите шокирани од неговата трансформација, во коментарите пишуваа дека легендарниот глумец не би можеле ниту да го препознаат на улица.
„Разбирам дека луѓето се менуваат по дваесет години, но ова е страшно. Кога ќе ја погледнеш фотографијата од Расел Кроу, тој изгледа како некој бездомник“, биле само некои од коментарите на „Инстаграм“.
Холивудскиот глумец се прослави во улогата на Гладијатор, во истоимениот филм, а во тоа време Расел Кроу имаше изглед на мускулестиот римски генерал Максимус Децимус Меридиус.
Легендарниот филм е објавен во книгите во САД, пред дваесет години, а за големиот број обожаватели на тој филм, Кроу остави кратка порака. „Сила и чест“, напиша тој.
Сега Кроу игра во друг филм, во сосема поинаква улога. Поради тоа, тој мора да изгледа запуштен. Кроу игра улога на манијак кој ги малтретира жените, а за да изгледа што поубедливо, режисерот Дерик Борт побарал од него да го промени својот изглед.
Текстот (Фото) Фановите не можат да го препознаат Расел Кроу е превземен од Reporter.mk.