(Фото) Фатиме Фетаи ја истетовира раката

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи ја покажа тетоважата. Сликата со тетоважа на раката на Фетаи на својот инстаграм-профил ја објави албанска шминкерка Фиторе Бериша, која заедно со Дадар е една од оние што се грижат за изгледот на Фатиме.

Тетоважата на Фатиме е нова, пишуваат албанските медиуми во земјава. Иако не може да се прочита што истетовирала Фатиме на раката, тие го пофалија новиот имиџ на специјалната обвинителка. Им се допаѓа и нејзиниот изглед, за кој пишуваат дека е беспрекорен, како и секогаш.

Фетаи од поодамна го привлекува вниманието на јавноста, и како обвинител, ама и со својот стил на облекување.