Пејачот Филип Пецовски, кој лани се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, неодамна гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ за да ја промовира својата нова песна „Црни ламборџини“. И додека траеше интервјуто, една од водителките на „Гранд“ го потсети дека на првиот менторски час со Јелена Карлеуша тој направил 100 склека. Таа го праша дали бил во подобра форма тогаш или сега.
„Јас сум секогаш во топ форма“, рече тој и среде студио направи 20 склека.
Инаку, Филип лани стигна до финалето на популарното музичко натпреварување, а ментор му беше Јелена Карлеуша. Тој со секој настап го воодушевуваше жирито со својата енергија на сцената. Во тоа време, во интервју за „Репортер“ ни откри дека во шоуто го пријавиле пријатели, оти во тоа време ѓивеел во Лондон, каде што работел како фитнес тренер, а дека кога почнал да се натпреварува знаел дека сака Карлеуша да му биде ментор.
„Отидов во Белград по Јелена. Имаме слична енергија. Таа е многу нормална кога ќе се изгасат камерите и секогаш има по некој совет за своите кандидати“, рече тогаш Филип.
„Отидов во Белград по Карлеуша“, Филип Пецовски од „Гранд“ раскажува за популарното шоу
Текстот (Фото) Филип Пецовски прaви склекови среде емисија е превземен од Reporter.mk.