(Фото) Франка Бателиќ уморна од многу работа

Евровизиската хрватска пејачка и сопруга на фудбалерот Ведран Чорлука, Франка Бателиќ, деновиве напорно работи на снимањето на новиот албум.

Таа објави фотографии на кои може да се види нејзиното работно темпо кое е поприлично напорно и забрзано.

Пејачката се пожали на своите обожаватели на Инстаграм, а на една фотографија таа лежи на подот со слушалките на глава.

„Кога си мртов уморен, но мораш да го завршиш албумот“, напишала Франка на фотографијата.

Во коментарите фановите и порачале дека веруваат дека трудот и напорната работа ќе и се исплатат и дека тие ќе го обожаваат нејзиниот нов албум, исто како и последните неколку песни кои таа ги има објавено.

„Со нетрпение чекам да излезе твојата нова песна. Види ја таа воља. На мојата среќа и нема крај. Се се може кога се сака“, се само некои од коментарите на обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

• kad si mrtav umoran al moraš završiti album • #tillyoudrop 💀🤪

A post shared by F R A N K A (@frankaofficial_) on

Текстот (Фото) Франка Бателиќ уморна од многу работа е превземен од Reporter.mk.