Среќните младенци на бајковитата церемонија во Балама си го кажаа судбоносното „да“.
Хрватскиот репрезентативец, Ведран Чорлука, кој неодамна оствари историски успех на Светското фудбалско првенство во Русија, денес има уште еден голем повод за славје. На романтичната свадбена церемонија, која се одржала во црквата Пресвета Богородица Св. Елизабет, Ведран ги размени вечните завети со својата избраничка, пејачката Франка Бателиќ. Невестата до црквата стигна со олдтајмер.
Пред црквата, Франка и Ведран ги поздравија големиот број на собрани обожаватели и жители, кои по завршувањето на свечената церемонија возбудено им ракоплескаа на младенците.
За кум, Ведран го избрал својот брат Хрвој, додека Франка ја избрала својата блиска пријателка од средно школо, Стефани. Во брачните води заплови носејќи прекрасна венчаница со долг проѕирен вел, украсена чипка на која е потпишан нејзиниот омилен двоец еNVy room, додека Ведран за најважниот дел од неговиот живот одбрал класично темно сино оддело во кое изгледал маркантно. Свечената церемонија ја проследиле повеќе од 200 поканети, блиски пријатели и семејсвата, а дел од оваа идилична љубовна приказна беа и бројните лица од светот на славните и домашната естрада.
Прославата се одржала во луксузниот амбиент на Станције Менегхети. На имотот на кој се наоѓа вилата има ресторан, винарија, базени, десет хотелски соби и 15 резиденции со сопствени балкони и дворови. Целиот имот на кој се наоѓа вилата се простира на 120.000 квадрани метри, а опкружен е со маслинови градини и лозја.
Додека гостите и младенците, своите непца ќе ги негуваат со врвните специјалитети, на свадбата до доцните утрински часови со заразни тактови и тонови на безвременските песни ќе ги развеселува и забавува домашниот музичар со моќен глас, Тони Цетински. Цетински кој инаку ретко настапува на венчавки, реши да направи исклучок за Франка, на која и е идол од мали нозе.
Текстот (Фото) Франка и Чорлука љубовта ја крунисаа со брак е превземен од Reporter.mk.