(Фото) Фудбалерите на Хрватска како деца

Медиумите се полни со слики на фудбалери и нивните оформени мускулести тела и секој од нас барем еднаш „фрлил око“ да види како неговиот омилен играч изгледа без дрес. Сега можете да ги погледнете хрватските репрезентативци како изгледале како деца и кога сонувале за големи кариери и настап во големи клубови.

Иван Ракитиќ

Иван е роден во Швајцарија. Тој уште од мал е поврзан со фудбалот, а таа љубов ја наследил од татко му Лука. На 4 години почнал да игра во ФК Михлин. Се одвојувал од своите врсници, така што било очекувано дека ќе добие понуди од големи клубови. Денес, популарниот Ракета игра во Барселона и воодушевува со своите потези во Ла Лига.


Дејан Ловрен

Дејан кој во моментов игра во Ливерпул, отсекогаш мечтаел за голема кариера. Кога имал 10 години, со семејството се вратил од Германија во Хрватска и тогаш почнува неговата приказна со фудбалот. На 15 години скаутите го препознаваат и на 17 години дебатира за Динамо.

Uspomena na veliki uspjeh i 1998-u! Vrijeme je za nove pobjede…idemo do kraja 💪🏻🙌🏻

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06) on

Матео Ковачиќ

Матео на социјалните мрежи објавил фотографија од мали нозе, со својот тогашен идол, а денеска голем пријател и колега од клубот Реал Мадрид, Лука Модриќ. Како Модриќ и Ковачиќ кариерата ја има започнато во Динамо.

Happy Birthday Idol ! You know I Love You 😘 🍾🎉🎉🎉🎉🍾

A post shared by Mateo Kovacic (@mateokovacic8) on

Андреј Крамариќ

Сите медиуми пишувале неодамна за составот кој во петто одделение го напишал малиот Андреј. Во тој текст напишал дека неговото срце чука за Хрватска. И бил во право.

#Debut#SpecialMoment#KidDream 🙏

A post shared by Andrej Kramaric (@andrejkramaric) on

Анте Ребиќ

Анте е најпосакуваниот ерген во хрватската репрезентација. Кариерата ја започнал во помалки клубови како што се Винјани и Имотски. На 16 години преминал во Сплит каде почнува неговата сениорска кариера. 24 годишниот Анте денес игра во Ајнтрахт Франкфурт.

Ante iz Vinjana 😝👶⚽️👍❤️

A post shared by Ante Rebić (@anterebic) on