Георгина сопругата на Кристијано Роналдо, за неговиот 35 роденден му купи луксузен „Мерцедес-бенц АМГ Г63“. Италијанските медиуми пренесуваат дека овој подарок на Георгина ја чинел околу половина милион евра.
Португалскиот фудбалер синоќа го прослави роднеденот, а по тој повод неговата избраничка му организираше изненадувачка забава. Заедно заминаа во ресторан, каде пред вратата Португалецот го дочека луксузниот џип.
Група пријатели пред ресторанот му го честитаа роденденот на ѕвездата на Јувентус. Ѓеоргина и Роналдо се 3,5 години во врска. Имаат четири деца Алан, Ева Матео и Кристијано Роналдо Јуниор. Се запознаа на забава на модниот бренд „Долче и Габана“.
Георгина во тој период работела за познатиот моден бренд „Диор“, како продавачка. Но, откако се запознала со Роналдо, дала отказ за да се посвети на сеејството и модната кариера.
„Не е лесно кога партнерот ти е позната личност, но тоа не би го променила за ништо на светот. Тоа што го чувствувам кон него ме прави посилна од се друго, од било каков притисок“, кажа Георгина за медиумите.
Текстот (Фото) Георгина го изненади Роналдо за роденденот со „мерцедес“ е превземен од Reporter.mk.