Актерот Ѓокица Лукаревски со неговата ќерка Сања скенираат сметки. Додека дома го пиеја утринското кафе двајцата се сликаа со сметките во раце. Сања која е директорка во Управата за јавни приходи, со татко ѝ се вклучи во промоција на апликацијата „Мој ДДВ“.
„Скенираме“, напиша во објавата Лукаревска, а на социјалните мрежи се шегуваат дека и Ѓокица чека поврат на ДДВ.
Актерот Лукаревски е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски проекти. Неговите обожаватели најмногу го паметат од македонските народни приказни и познатата хумористична радио-емисија „Хихириху“.
Текстот (Фото) Ѓокица Лукаревски скенира фискални, чека поврат на ДДВ е превземен од Reporter.mk.