(Фото) Ѓоковиќ и Јелена на театарска претстава во Белград

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја однесе неговата сопруга Јелена, на театарска претстава во Белград. Двојката вели дека одлично се забавувале додека ја гледале претставата „Бродот пловеше за Белград“.

Најдобриот српски тенисер вели дека театарските претсави претставуваат вистинска релаксација, по времето поминато на тениските терени. Ноле вели дека и покрај големиот број обврски, тренинзи и турнири, секогаш наоѓа време за да изгледа допра претстава.

Актерите во претставата, која се игра веќе 18 години, на крајот се фотографираа со Ѓоковиќ, а српската актерка Горица Поповиќ се пофали на Фејсбук со фотографија со најдобриот тенисер на светот.

„Вечерва Бродот пловеше со Новак и Јелена. Голема радост и чест“, напиша Поповиќ.

 

 

Текстот (Фото) Ѓоковиќ и Јелена на театарска претстава во Белград е превземен од Reporter.mk.