(Фото) Ѓоковиќ ја оставил Лидија поради кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред да се омажи за Јелена Ристиќ, вели дека кратко време бил во врска со познатата српска диџејка Лидија Поповиќ. Поради големиот број обврски на тенискиот терен, кои се појавиле во тој период и поради подемот на кариерата, Ноле вели дека бил приморан да ја прекине врската со Лидија.

Ноле вели дека двајцата се обидувале да ја одржат врската на далечина, на релација Нови Сад-Белград, но кога сватиле дека работите не одат како што треба, одлучиле да се разделат. Недолго по раскинувањето со Лидија, најдобриот тенисер во светот ја почнал љубовната врска со неговата сегашна сопруга Јелена Ѓоковиќ.

По неколку години забавување, Новак и Јелена се венчале во 2014 година. Велат дека до ден денес се во среќен брак, а дополнителна среќа им носат нивните деца синот Стефан и ќерката Тара.

 

Текстот (Фото) Ѓоковиќ ја оставил Лидија поради кариерата е превземен од Reporter.mk.