Освојувачот на Вимбелдон Новак Ѓоковиќ купи нов стан во Мајами вреден 6,7 милиони долари. Новиот дом на Србинот е со панорамски поглед на океанот, една од познатите плажи на Мајами, паркот и градот.
Станот на Ѓоковиќ има три спални соби, три куаптила, два базена, а најмногу привлекува огромниот полукружен балкон, со поглед на океанот.
Луксузната зграда Eighty Seven Park каде се наоѓа станот на Ѓоковиќ, сеуште е во изградба, а во неа за сите сопственици на станови, е обезбеден и спа центар, базен, сауна и теретана, кои се наоѓаат под земја.
Сите купци добиваат и посебен влез за пристап во паркот.
„Услугата е на неверојатно ниво, а воодушевува и ексклузивниот пристап на паркот и панорамскиот поглед на копно и океан. Ова овозможува совршен начин на живот за моето семејство. Го обожавам овој дизајн на зградата. Ова е неочекувано место во соседството кое брзо расте и тоа е тоа што ме привлече да го купам овој стан“, вели Ѓоковиќ.
И Федерер, тенисерот кој Ѓоковиќ го победи во финалето на Вимблдон, недамна купил нова недвижнина. Швајцарецот родниот Базел го замени со градот Волерау, место со 7000 жители. На брегот на Цириското езеро, Федерер изградил вила вредна 7,3 милиони евра.
Текстот (Фото) Ѓоковиќ купи стан во Мајами вреден 6,7 милиони долари е превземен од Reporter.mk.