Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пожали на социјалните мрежи дека нема мир од неговите германски колеги браќата Ѕверев и дека го прогонуваат секаде каде ќе се појави тој.
„Не можам да побегнам од браќата Ѕверев“, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи и објавил фотографија од него во теретана, во друштво на Александар и неговиот постар брат Миша Ѕверев.
Србинот ја заврши сезоната со пораз во завршниот Мастерс во Лондон, токму од Александар Ѕверев.
Can’t get away from #Zverev brothers 🤙 pic.twitter.com/RfFudKWAOW
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 3, 2018
Текстот (Фото) Ѓоковиќ нема раат од браќата Ѕверев е превземен од Reporter.mk.