(Фото) Ѓоковиќ со сопругата на романтичен одмор на Алпите

По освоената седма титула на Австралија опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со својата сопруга Јелена замина на зимски одмор на Алпите. Двајцата на „Инстаграм“ објавија фотографии како уживаат во снежната идила.

Србинот неодамна стигна до рекордната седма титула во Мелбурн, а вкупно 15-та од гренд-слем турнирите. Новак сега е на само две помалку трофеи од Рафаел Надал, односно пет од Роџер Федерер, кој е рекордер со 20 титули.
Новак по освоената титула стигна во својот дом во Монако каде беше дочекан од неговите деца Стефан и Тара.

(Видео) Стефан и Тара го дочекаа Ѓоковиќ во Монако

Текстот (Фото) Ѓоковиќ со сопругата на романтичен одмор на Алпите е превземен од Reporter.mk.