Британскиот глумец Тим Рот во Загреб ги оперираше очите, пишуваат тамошните медиуми. Актерот познат по улогите на Квентин Тарантино и хит-серијата „Лажи ме“, по шестмесечно снимање на новата драмска серија, од Ливерпул, деновиве беше во посета на Хрватска.
Рот бил снимен во хотелот „Еспланада“ од таен обожавател, додека гледа во мобилниот телефон и се опушта со чаша вино. За првпат по 40 години, тој се пофали дека може да чита без очила бидејќи само еден ден претходно бил опериран на клиниката „Свиетлост“ во Загреб.
Професорот Габриќ и неговиот тим ги оперирале него и неговата сопруга Ники. Им вградиле најнова генерација мултифокални леќи со проширен фокус. И двајцата добро гледале само неколку часа по операцијата и уживале во т.н. адвент во Загреб.
„Целиот живот мислев дека со левото око гледам помалку од 30 проценти. Бев кај многу лекари во Калифорнија и Англија, кои ме уверуваа дека нема надеж за тоа око, но по два часа поминати во „Свиетлост“, гледам на тоа око првпат во мојот живот“, изјавил актерот.
Покрај Рот, на клиниката се оперирани и Арманд Асанте, кој своето искуство го сподели со актерите Франко Неро и Касандра Гав, а тие го споделија со Ивана Трамп и Тим Рот.
Текстот (Фото) Глумецот Тим Рот успешно опериран во Загреб е превземен од Reporter.mk.