Глумецот Тим Рот е во тајна посета на Загреб. Бил снимен во хотелот „Еспланда“. Рот бил снимен од таен обожавател додека гледал во мобилниот телефон и се релаксирал со чаша вино.
Глумецот на новинарите не им открил зошто е во посета на Загреб, но многумина кои го познаваат велат дека сака да го гледа фудбалскиот натпревар меѓу Динамо Загреб и Манчестер Сити од Лига на шампиони.
„Пред неколку години требав да снимам во Дубровник. Дојдов со една девојка, но снимањето за жал пропадна. Но, не се жалам. Двајцата го имавме најдобриот одмор во нашиот животот. Имам убави сеќавања од ова место“, изјавил Рот за време на гостувањето на годинашниот филмски фестивал во Сараево.
Актерот е познат по улогата во филмот на Тарантино, „Кучиња од резервоарот“.
Текстот (Фото) Глумецот Тим Рот во Загреб ќе ги гледа Динамо и Манчестер Сити е превземен од Reporter.mk.