Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска -Давкова, утрово пред изгресонце ги вапса првите три црвени јајца. Таа фотографијата ја објави и на својот фејсбук профил, а уште вчера во интервју за „Репортер“ раскажа како во нејзиното семејство се чека Велигден.
„На времето се собиравме сите во Влае, и тоа беше фамилијарно вапсање , со белка од јајце и листови. Па се натпреварувавме која подобро ќе го направи тоа. Сите жени од фамилијата. Секако дека и годинава ќе вапсам, ќе одам пред црква, но ќе има и велигденск трпеза“, откри Давкова за „Репортер“.
Носев мини кога го освоив бунтовникот Благоја – Приватно со Гордана Сиљановска-Давкова
Текстот (Фото) Гога ги вапса јајцата е превземен од Reporter.mk.