Кандидатката за прeтседател Гордана Силјановска со чаша црно вино го повика својот противкандидат Стево Пендаровски на дуел. Силјановска се сликала во кафулето „Куба либре“ во Охрид, каде, вели, ѝ се јавила идејата да отвори профил на „Твитер“, но и да го повика Стево на дуел.
„Рок-музика, одлично друштво и една идеја да отворам ‘Твитер’. И тука го чекам Стево на дуел… секаде… во секое време“, вели професорката Силјановска, која се кандидра за претседател со поддрршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Фото: Фејсбук, Твитер
Текстот (Фото) Гога со црно вино го кани Стево на муабет е превземен од Reporter.mk.