Слика на која глумицата Гвинет Палтроу вежба јога гола на планина се појави на инстаграм-профилот на „Гоп“, компанија која е во сопственост на глумицата, пишува британски „Сан“. И иако некои беа воодушевени од сликата, таа предизвика негативни реакции кај повеќето фанови на глумицата, кои ја нарекоа глумицата „анорексична“ и „преслаба“.
„Ѝ се гледаат ребрата, ова е катастрофално“, „Кога ќе престане културата на анорексичните жени во медиумите?“, „Изгледа како со денови да се изгладнува“, „Ова е многу лошо, премногу е слаба“, се само дел од коментарите на сликата.
Има и такви што коментираат дека на фотографијата не е Гвинет, туку дека глумицата ангажирала манекенка која многу наликува на неа. Палтроу, која лани се омажи вторпат, годинава ќе полни 47 години.
Текстот (Фото) Гвинет Палтроу се соблече гола ама не им се допадна на фановите е превземен од Reporter.mk.