Манекенката Хајди Клум објави неколку фотографии со сопругот и гитаристот Том Каулиц, на кои таа позира во топлес. Клум е понзата по тоа што, преку социјалните мрежи, ги почастува фановите со атрактивни и провокативни фотографии. Нејзината последна објава, за кратко време собра преку 180.000 лајкови.
Голем број од фановите и коментираа дека изгледа секси и дека е слатка. Имаше и такви кои сметаат дека ваквото нејзино однесување, не ѝ прилега на нејзините години и дека е дегутантно.
„Имаш толку години, а објавуваш вакви фотографии. Срамота. Некоја приватност, сочувај ја за сопругот, а не за милионите фанови“, биле само некои од негодувањата на фановите.
Манекенката, летото, по втор пат се омажи за гитаристот на групата „Токио Хотел“. Со неа беа и нејзините четири деца, ќерките Хелена и Лоу и синовите Хенри и Јохан.
Текстот (Фото) Хајди Клум позираше топлес е превземен од Reporter.mk.