(Фото) Хајди Клум се сликаше гола за сопругот

Хајди Клум објави фотографија на која позира гола. Неколку дена по доделувањето на American Music Awards, 46-годишната манекенка ги воодушеби фановите, откако се сликаше топлес и доби повеќе од 230 илјади лајкови.

„Добро утро од друго место“, напиша таа на отографијата на која позирала за сопругот Том Каулиц, за кого се омажи во февруари.

„Моментално ја преиспитувам својата сексуалност“, напишал во коментарите Адам Дејвис, продуцент на „ America’s Got Talent“, инаку хомосексуалец.

Неговиот коментар добил дури 200 лајкови, а бил само еден од многуте други коментари полни со комплименти за изгледот на германската манекенка.

За време на викендот, парот присуствувал на доделувањата на накрадите, на кои Клум ѝ додели награда на судијката на шоуто America’s Got Talent: Champions.

Минатиот месец Клум за магазинот People признала дека во Том „конечно нашла партнер“.

Текстот (Фото) Хајди Клум се сликаше гола за сопругот е превземен од Reporter.mk.