Глумицата Хали Бери напорно тренира во вежбална за да се подготви за новата улога во филмот Bruised. Таа истовремено во филмот ја има главната улога, но е и режисер.
Нејзините пријатели и колеги велат дека таа редовно вежба и внимава на исхраната. Во последниот период интезивно работи на тренинзи и е задоволна од постигнатите резултати.
„Една од моите цели за филмот Bruised. Конечно имам дефинирани стомачни, а чувството е неверојатно“, напиша Бери на фотографијата од вежбална, која ја објави на социјалните мрежи.
Таа ги потткнува сите нејзини фанови напорно да тренираат и вежбаат и да водат грижа за здравиот начин на живот.
„Работата нема да биде лесна, но на крајот турдот ќе се исплати. Ќе вреди секоја секунда што сте ја потрошиле во вежбална“, изјавила Бери.
Нејзиниот личен тренер Мубарак Малик ја пофали глумицата за вложениот труд и одржувањето на сјајната фигура и форма.
„Бери тренира четири часа дневно и внимава на исхраната. Има секој ден по четири мали оброци. Можам да кажам дека сум горд сум што работам со неа. Таа ме инспирира“, изјавил Малик.
Текстот (Фото) Хали Бери напорно тренира за новата улога е превземен од Reporter.mk.