Оскаровецот Хоакин Феникс беше снимен од папараците на бензиска пумпа во Лос Анџелес додека точи гориво со неговата свршеница Руни Мара. Глумецот внимава на опасноста од заразата коронавирус и пред да почне да точи гориво стави заштитни ракавици. Кога заврши, свршеницата му даде дезинфекциски гел.
Двајцата се запознаа на снимањето на филмот „Хер“ во 2013 година. Првпат на црвениот тепих се појавија заедно во 2017 година на свеченото отворање на Филмскиот фествал во Кан, каде Феникс освои награда за најдобар глумец за филмот You Were Never Really There.
Во септември 2017 година, Геникс откри дека двајцата живеат заедно во неговиот стан во Лос Анџелес. Хоакин Феникс годинава го доби Оскарот за најдобра улога во филмот „Џокер“.
Текстот (Фото) Хоакин Феникс се штити од коронавирус, глумецот точи гориво со ракавици е превземен од Reporter.mk.