(Фото) Холивудскиот актер се соблече гол откако изгуби облог

Ченинг Тејтум (39) е еден од најсекси и најпосакуваните актери кој играше во филмот „Магичниот Мајк” и неговото продолжение „Магичниот Мајк XXL”, се сликаше гол под туш.  Сликањето било поради изгубен облог.

„Јас ја изгубив играта. А губитникот мораше да објави фотографија избрана од победникот. Никогаш повеќе нема да играм со неа“- пишуваше Ченинг покрај објавена секси слика.

Во продолжение тој откри дека го сликала неговата девојка Џеси Џеј, од која во последниве месеци не се одвојува. Двајцата влегле во врска само неколку месеци откако Ченинг се развел од Џена Деван, со која има ќерка.

 

Текстот (Фото) Холивудскиот актер се соблече гол откако изгуби облог е превземен од Reporter.mk.