Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ дојде во Скопје и се појави на тренингот на Вардар. Но, Карачиќ не се враќа да игра за Вардар, туку во Скопје за да направи неклку прегледи како и терапија на градниот кош. Тој нема да биде во составот на Келце , каде игра како бек, за дуелот со Мешков Брест во Лигата на шампионите, туку ќе остане тука за да санира повреда – хематом на левата страна од градниот кош добиен од пресилните удари во дуелите со противниците.
Текстот (Фото) Игор Карачиќ дојде на тренинг на Вардар е превземен од Reporter.mk.