Светскиот модел Ирина Шајк по разделбата со нејзиниот сопруг, актерот Бредли Купер, вели дека целото внимание сега ќе го посвети во воспитувањето на ќерка ѝ, двегодишната Леа Де Сина.
Двете биле снимени од папараците низ улиците на Њујорк. Ирина го свртела вниманието кон себе со фустанот од 600 евра, преку кој облекла мантил од брендот „Барбери“. Рускиот модел целосниот аутфит го комплетирала со гумени чизми од „Шанел“.
Ирина модниот стајлинг го усогласила со Леа. Двегодишното девојче на себе имало гумени чизми со жолта боја. Ирина вели дека по модната недела во Милано, таа се вратила во Њујорк каде поголемиот дел од своето време ќе го мине со нејзината ќерка.
Текстот (Фото) Ирина Шајк шета со ќерка ѝ низ Њујорк е превземен од Reporter.mk.