Италијанскиот плејбој и диџеј, 51-годишниот Џанлука Ваки, има нова девојка. Венецуелката Шерон Фонсека е модел, глумица и блогерка, а од милијардерот е помлада 25 години. Таа има онлајн бизнис за козметика и облека. По раѓањето во Венецуела, нејзиното семејство се доселило на Мајами, каде што живее и денес.
Парот постојано објавува слики од плажа, луксузни патувања, возења на мотори и јахти и од бројните заеднички авантури.
Ваки, пак, во светот стана познат по своето танцување, тетоважите и луксузниот начин на живот. Пред врската со Шерон, три години беше во брак со Џорџа Габриел, а нивните видеа од танцување беа хит на социјалните мрежи. Двојката се раздели летото 2017 година.
Текстот (Фото) Италијанскиот плејбој Џанлука Ваки има 25 години помлада девојка е превземен од Reporter.mk.