Ќерката на американскиот претседател Донал Трамп, Иванка, викендов беше гостинка на свадбата на модната дизајнерка Миша Ноно во Рим. На свадбата таа беше облечена во фустан што мајка ѝ Ивана првпат го носела во 1991 година. Всушност, ова е вторпат 37-годишната Иванка да го носи истиот позајмен фустан на свадба. Првпат го облече во 2014 година за свадбата на дизајнерот Џозеф Алтузара.
Стилистите го пофалија нејзиниот избор и покрај тоа што фустанот е веќе виден. Покрај сликите што се појавија во светските медиуми, коментираа дека Иванка изгледа дури и подобро од мајка си и дека црвениот кармин и врзаната коса одлично се вклопуваат во нејзиниот стил.
На свадбата Иванка дојде со сопругот Џаред Кушер. Освен нив, гости беа и Меган Маркл и принцот Хари, Џејмс Корден, Ана Винтур и голем број светски дизајнери, музички ѕвезди и познати глумци. Темата на забавата била „Убав живот“, а невестата, наводно, ги замолила гостите да ја изберат својата најблескава комбинација за вечерата.
Текстот (Фото) Иванка Трамп на свадба носеше фустан од мајка си од 1991 година е превземен од Reporter.mk.