Синот на Влатко Стефановски стана матурант. Музичарот се пофали со успехот на неговиот син Јан, кој заврши во гимназијата „НОВА“. Гитаристот објави нивна заедничка фотографија на „Инстаграм“.
Фотографии од матурата сподели и Јан. Тој вели дека љубовта кон музиката ја наследил од неговиот татко и веќе некое време свири на тапани како дел од „Влатко Стефановски трио“.
Покрај Јан, Влатко ја има и ќерката Ана, која во моментов е на докторски студии во Италија, на Универзитетот во Падова. Влатко често знае со себе да ги поведе и Ана и Јан на своите концертни настапи.
Пред неколку дена Влатко Стефановски настапи на концертот на Стинг.
Текстот (Фото) Јан стана матурант, забавата е кај Влатко е превземен од Reporter.mk.