Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во Охрид со сопругот Влатко и со синот Петар. „Семејство“, напиша ексминистерката покрај неколкуте заеднички слики што ги објави на социјалните мрежи. Тие се сликани покрај Охридско Езеро и во едно од кафулињата на крајбрежјето. Нејзините пријатели ѝ порачаа да уживаат во убавините на Охрид. „Супер сте“, стои во еден од коменарите.
Јанкулоска, која се породи на крајот на јуни во приватна болница во Скопје, по породувањето за „Репортер“ рече дека името Петар го избрале заедно со сопругот.
„Името е моја и желба на сопругот. И на двајцата многу ни се допадна Петар, за нас тоа име има посебно значење“, изјави тогаш ексминистерката.
Ова е прво дете на Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, со кого се омажи во 2010 година. По раѓањето на синот, Гордана често објавува негови фотографии на социјалните мрежи, а неодамна откри дека Петар најмногу сака да си игра со нивниот папагал.
Текстот (Фото) Јанкулоска во сејмена идила е превземен од Reporter.mk.