(Фото) Јелена Ѓоковиќ: Јогата е идеална за ослободување од стресот

Јелена Ѓоковиќ сопругата на српскиот тенисер Новак, вели дека често практикува медитација и јога и дека тоа е единствениот начин со кој може да се ослободи од секојдневниот стрес.

Јелена објави фотографија на Инстаграм на која таа со специјални марами виси на глава. Таа е позната по тоа што често ги споделува своите искуства со жените ширум светот и вели дека така и започнува секој ден.

„Чувството дека висите на глава и не е така лошо, ако самите го правите. Тогаш сте подготвени на сè“, напишала Јелена под фотографијата, а од своите фанови добила само пофални зборови и коментари.

Јелена вели дека често практикува јога со помош на движења во воздух, кој го опуштаат нервниот систем.

 

Текстот (Фото) Јелена Ѓоковиќ: Јогата е идеална за ослободување од стресот е превземен од Reporter.mk.