(Фото) Јелена Ѓоковиќ со синот Стефан на забар

Јелена Ѓоковиќ сопругата на српскиот тенисер Новак вели дека многу внимава во воспитувањето на своите две деца Стефан и Тара. Во серијата последни објави на Интаграм, кој е преполн со семејни активности, таа објави фотографии од првата посета на забар на нејзиниот син Стефан.

„Успешно направена првата посета на забар, а Стефан беше вистински херој. Како мајка очекував дека ќе биде сè наопаку, но тој по милион пат ме изненади. Се разбира, за оваа посета се подготвувавме со денови и тоа по четири часа минувавме раскажувајќи му за моето детство и моите искуства. Го однесов во моето основно школо, па во мојата градинка, па и кај мојата забарка кај која одам до ден денес само за да Стефан седне на столот и дозволи да му ги прегледаат забите. Досега поправивме два заба. Во тој процес се пресоблеков три пати. Јас сум горда мајка. Мисијата беше успешна“, напишала Јелена на својот Инстаграм профил.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ вели дека децата се нејзината најголема поддршка и не е тајна дека нејзиниот среќен семеен живот се темели на неизмерна љубов.

Текстот (Фото) Јелена Ѓоковиќ со синот Стефан на забар е превземен од Reporter.mk.