Јелена Карлеуша се соблече заради кампањата за заштита на животните со што стана првата славна личност од овој регион која позира за познатата кампања: „Подобро да бидам гола, отколку да носам крзно“!
„Како личност од јавниот живот која има големо влијание на младата популација, особено во овој дел од Европа, сакам да претставувам добар пример, да бидам добар лидер“ –рекла Јелена.
„Оваа кампања ги вклучува познатите личности од целиот свет кои го креваат својот глас и работат ефикасно. Ние ја користиме нашата слава на најдобар можен начин – против убивањето на невините. Ја покажуваме нашата кожа и објаснуваме дека сме поубави кога нашите срца и души се полни со сочувство и љубов. Не ни треба крваво крзно за да изгледаме и да се чувствуваме добро – убивањето не може да биде убаво“ – додава Карлеуша.