Пејачот Јоце Панов се пофали дека си купил нова кола во Дујсбург, Германија. Тој објави неколку слики од неговото „бе-ем-ве 730 индивидуал“ и напиша „моето ново бебе“. Познавачите на автомобили велат дека ознаката „индивидуал“ на колата значи дека таа се персонализира по барање на купувачот, од бојата, преку внатрешноста, дури и табличките може да се лични. На сликите што ги објави Јоце, се додадени иницијалите „Ј.П“ и микрофон.
Пријателите му ја бендисаа колата, па на Јоце, му порачаа што побрзо да ги пополни и задните седишта со дечиња. Панов пред неколку месеци беше актуелен во јавноста токму по свадбата со својата долгогодишна девојка Марина Начевска.
Текстот (Фото) Јоце Панов отиде во Германија по нова кола е превземен од Reporter.mk.