(Фото) Јована Јоксимовиќ ја промени бојата на косата

Јована Јоксимовиќ го промени својот имиџ, а со новата фризура се пофали на социјалните мрежи. Водителката ја скрати долгата коса и повеќе ја нема препознатливата црвена боја.

„Многу си убава. Браво. Супер ти е должината на косата сега. Најубавата жена од медиумите. Убава, но повеќе ми се допаѓаше кога имаше црвена боја на косата. Не хипнотизираше“, се само некои од коментарите на фановите.

Јована и претходно експериментираше со својот имиџ, кога направи афро-фризура. Водителката со сопругот Жељко Јоксимовиќ тогаш престојуваше на одмор во Истанбул.

 

 

Текстот (Фото) Јована Јоксимовиќ ја промени бојата на косата е превземен од Reporter.mk.