(Фото) Кајли Џенер му честиташе роденден на момчето на билборд

Најмладата членка во семејството Кардашијан, Кајли Џенер, на оригинален начин му го честиташе роденденот на нејзиното момче Травис Скот. Кајли посветила цел билборд на кој е фотографија од неа и нивната ќерка Сторми.

Раперот Скот за неколку дена ќе го прослави својот 28 роденден, а на „Твитер“ веќе се појавија фотографии на кои милијардерката однапред му го честитала роденденот на својот партнер. Според пишувањата на американските медиуми, билбордот е сместен на аголот на една од најпрометните раскрсници во Западен Холивуд.

Мислењата на фановите се поделени за ваквиот потег на Кајли. Некои сметаат дека ова е пресладок гест, додека други мислат дека Кајли претерала.

„Парите никогаш не можеле да го купат вкусот. Каде е Травис на сликата на која е посветена? Пак сè се врти околу Кајли и нејзиното его“, „Светот умира, а парите се трошат на билборд“, „Не можам да ја поднесам оваа девојка“, биле само дел од коментарите на големиот број фанови.

 

Текстот (Фото) Кајли Џенер му честиташе роденден на момчето на билборд е превземен од Reporter.mk.