Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног откри дека веќе некое време е во врска со креативниот директор на магазинот GQ, Пол Соломонс. Таа со Пол се запознала преку заеднички пријател пред неколку месеци. Кајли неодамна ја објави првата заедничка фотографија на Инстаграм, каде што се во прегратка и позираат во Њујорк.
Кајли низ годините излегуваше со многу познати мажи, беше и свршена, но никогаш не се омажи. Пред неколку години го победи ракот на дојката и во едно интервју изјави дека ништо не ѝ е поважно од здравјето, дури ни љубовта.