26-годишниот глумец Џонатан Липницки се прослави со филмот „Џери Мегвајер“ во кој глумеше со Том Круз и Рене Зелвегер. Денес, ако го видите на улица, нема да го препознаете момчето што беше вистинска детска ѕвезда кога имаше шест години, пишува магазинот „Ас викли“.
„По ‘Џери Мегвајер’ направив уште неколку помали, независни филмови кои ми значеа, а тогаш се вратив во училиште. Сакав да го завршам средното образование. Сакав да бидам нормално дете“, изјавил тој во интервјуто за магазинот.
Џонатан досега снимил повеќе филмови. Освен што е активен во глумата, тој е успешен и во боречките спортови за коишто вели дека му се втората најголема љубов, по актерството.
Текстот (Фото) Како изгледа денес момчето од „Џери Мегвајар“ е превземен од Reporter.mk.