(Фото) Калиопи одржа концерт во Белград

Поп-ѕвездата Калиопи синоќа одржа концерт во салата „Сава Центар“ во Белград.  Пејачката пред многубројната публика испеа голем број хитови меѓу кои „Разбуди ме“, балата „Ти“, „Родени“ и многу други.

„Белград, добре ми дојдовте“, изјави Калопи заблагодарувајќи се на публиката за присуството.

„Добро вечер убава публико. Познати, непознати, сите на некои начин ве сакам. Колку сте убави. Дали сакате да ве вратам малку назад? Тогаш би требало да биде онаа позната 88 година. Алубот „Родени“ на кој се наоѓаат две прекрасни балади. Сакам вечерва да ги споделам со вас, затоа што многу ми значат. Само ќе ви кажам фала на тој кој ги напиша, затоа што оставија голем траг. Нема да му го споменам името, за да не му изгорат ушите“, изјави Калиопи пред да почне да го пее легендарниот хит „Родени“.

По 30 години пејачката беше придружувана на концертот од нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој се наоѓаше во првите редови. Калиопи не одолеа да му се заблагодари пред присутните.

Калиопи пред концертот во Србија ја промовираше новата песна „Пресуда“, која за неа ја напиша Ромео Грил.

Освен господин Грил, на концертот на Калиопи присуствуваа голем број на познати музички ѕвезди како Жељко Самарџиќ, Стеван Анѓелковиќ, Бранка Невистиќ, членовите на групата „Фрајле“ и многу други.

 

 

 

Текстот (Фото) Калиопи одржа концерт во Белград е превземен од Reporter.mk.