Поп-пејачката Калиопи ја скрати косата. Прилично кратко, сосе степен и шишки, таа сподели слика на „Инстаграм“ од новиот имиџ. Калиопи со години е препознатлива по долгата црна коса, и единствена поголема промена што ја направила низ годиниве биле шишките. Поп-пејачката која ја претставуваше Македонија на Евросонг и пееше на сите кампањи на ВМРО-ДПМНЕ, изминатава година ја нема на домашната сцена и речиси сите настапи и гостувања ѝ се врзани надвор од земјава, во поголемите градови во регионот.
Текстот (Фото) Калиопи се потстрижа кратко е превземен од Reporter.mk.