Српската пејачка Јелена Карлеуша му се закани на првиот човек на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, на „Инстаграм“, со тужба, ако продолжи да го снима гробот на нејзината неодамна почината мајка Дивна.
„Присилена сум да те тужам тебе и твојата телевизија „Папарацо лов“. Ја загрозувате безбедноста на моето семејство и мене“, му напиша Карлеуша на Митровиќ.
„Поради твоите камери на гробот на мојата мајка и тоа што го објавуваш постојано на телевизија, ќе објавам фотографии од твојата ќерка. Те предупредувам. Ти си едно болно девијантно чудовиште и да даде Господ и тебе да те снимаат на гробот на твоите најмили секој ден“, пишува Карлеуша.
„Што ти е на тебе. Не знам за што зборуваш. Но, да знаеш дека сакам војни. Овој пат без милост. Гом*о едно, ми се закануваш со деца“, и одговорил Митровиќ во преписката.
Текстот (Фото) Карлеуша му се закани на Жељко Митровиќ, го снимал гробот на мајка ѝ е превземен од Reporter.mk.