Јелена Карлеуша на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ се појави во несекојдневен стајлинг, кој остави силен впечаток кај нејзините фанови.
Карлеуша се појави во провокативна комбинација, закитена со грст долари околу вратот. На себе носеше банконти од по 100 долари.
Додека многумина воодушевено го коментираа стајлингот, голем број луѓе ѝ порачаа дека им боде очи на сиромашните.
„Најстрашниот момент во врска со мојот стајлинг се малоумните, а ги има многу, кои навистина мислат дека се закитив со вистински пари“, напиша Карлеуша на Твитер.
Фановите се согласија дека изгледа како вистинска светска ѕвезда и велат дека нема сомнение дека многу нејзини колешки ќе го копираат овој изгед.
Јелена вели дека на одморот на Малдиви ги наполнила батериите за своите наредни ангажмани.
Текстот (Фото) Карлеуша се закити со грст долари околу вратот е превземен од Reporter.mk.