Пејачката Јелена Карлеуша за пет дена потрошила 53.000 евра на облека. По пауза од три месеци, таа се појави на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“. Во рок од пет дена, таа се појави во пет различни стајлинзи.
Првиот ден се појави со „Луис Витон“ ташна од само 2000 евра. Наредниот ден пристигна со секси зелен фустан со длабоко деколте, кој чинел 940 евра, пренесуваат српските медиуми. Стајлингот го комплетирала со ташна вредна 450 ера.
Карлеуша на снимањето се поајви и во тексас фармерки кои чинат преку 1000 евра, а кристалните обетки кои ги носела тој ден, чинеле 320 евра. Следниот ден таа пристигна во „Ѕвездите на гранд“ со торба од моделот Chanel, која вредела 4700 евра, како и сандали од брендот Fendi, кои чинат 1050 евра.
Во четвртиот ден од снимањето таа пристига во зелен комплет од Dolce & Cabbana вреден 695 евра, а „Версаче“ сандалите ја чинеле 990 евра. Тоа бил нејзиниот најевтин стајлинг коментираат модните стилисти, кои коментираат дека Карлеуша секогаш изгледа како жена од милион долари.
Во последниот ден од снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, сезонава, Јелена се појавила во фустан кој чинел 43 евра, и чевли од 950 евра. Оваа комбинација ја потполнила со модни детали како што е „Луис Витон“ торба од 3700 евра, часовник „Ролекс“ вреден 34.000 евра, ланче кое вреди 470 евра и очила за сонце во вредност од 370 евра.
Целокупниот нејзин стајлинг, во овие пет дена, чинел околу 52.630 евра. Модните стилисти велат дека нема сомнение дека Карлеуша секогаш носи парчиња вредни и по неколку илјади евра, поради кои изгледа бомбастичн. Тие велат дека кога станува збор за Карлеуша, парите не се во прашање, туку нејзиниот стил по кој е позната.
Текстот (Фото) Карлеуша за пет дена потрошила 53.000 евра на облека е превземен од Reporter.mk.