(Фото) Каролина и на Миконос сака да е шик

Поп-ѕвездата Каролина Гочева и ова лето е на Миконос. Таа постојано споделува фотографии и видеа на својот инстаграм-профил од одморот во Грција. Пејачката и лани беше на Миконос, заедно со сопругот Михаил Корубин. Облечена во црни комбинезонки во комбинација со црно-бели чевли, Каролина и овој пат покажа дека е шик.Миконос стана омилена дестинација не само на домашните јавни личности туку и на светскиот џет-сет.